Стотици вработени во матичната компанија на „ЧетГПТ“ (ChatGPT), „ОпенАИ“ потпишаа писмо во кое се закануваат дека ќе ја напуштат технолошката компанија доколку „сите сегашни членови на одборот не поднесат оставка“, објавија американските медиуми.

Содржината, наведена од „ВИРЕД“ (WIRED) и „Волстрит џурна“ (Wall Street Journal) беше предизвикана од неочекуваната одлука на одборот во петокот, да го отпушти извршниот директор Сем Алтман.

Алтман, ко-основач и до неодамна главен извршен директор на стартапот „ОпенАИ“, сега ќе работи за „Мајкрософт“ (Microsoft).

- „ОпенАИ“ е старт-ап кој го разви „ЧетГПТ“, алатка за вештачка интелигенција. Мисијата продолжува, напиша Алтман (38) на социјалната мрежа Икс.

„Мајкрософт“ инвестираше милијарди долари во „ОпенАИ“ и ја инкорпорираше технологијата во сопствените производи, како што е пребарувачот Бинг.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2023 03:13