Тоа што ние го предлагавме како термин за избори се покажа дека побуди интерес кај власта, а Ковачевски со својата ароганција се обидуваше да ја прекрие немоќта и денес е јасно дека тој е само извршител на ДУИ, рече Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа.

Ковачки објасни кои се причините и парламентарните и претседателските избори да се одржат во ист ден. Според него тоа е интерес и на граѓаните за да не се малтретираат со темата избори цела година.

„Во интерес на граѓаните е да се заеднички избори и пред се мислам на финансиската импликација зошто во ваква ситуација на незадоволство и протести да ги фрлате пари на два изборни циклуси не е во ред. Второ, не смееме да дозволиме економијата да губи во таков период , тоа е период во кој стагнира, а тоа не треба да се дозволи“, рече Ковачки.

Ковачки посочи дека ако изборите се случат на 8 мај на 9 мај ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе слават победа, тоа ќе биде победа за Македонија.

„Веќе е јасно дека европскиот фонт е пробиен и не постои. Има најлош Извештај од Брисел за Македонија. Има власт која кога се носеа буџетите кога беше влада на ВМРО-ДПМНЕ, а буџетите биле до 3 милијарди максимум, а сега се дуплирани и притоа нема никаква инвестиција. За време на тие буџети кои беа максимум до 3 милијарди имаше инвестиции се градеа сали како Борис Трајковски каде ќе се одржува ОБСЕ самит и од кој Бујар Османи печали, се градеа спортски сали, патишта, а овие сега аздисано трошат и парите не завршуваат во некоја инвестиција, едноставно нема ништо на виделина“, кажа Ковачки.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2023 03:46