Ѕвездата на Лејкерс, Леброн Џејмс стана првиот кошаркар во историјата на НБА кој достигнал 39.000 поени во кариерата.

Џејмс ги постигна своите јубилејни поени во првата четвртина од натпреварот против Јута одигран денес.

Леброн на овој натпревар влезе со 38.995 поени на своето име. Средбата ја заврши со 17 поени и сега е на 39.012 поени.

Минатата сезона, на натпреварот во февруари против Оклахома, Џејмс го мина легендарниот центар Карим Абдул-Џабар (38.387 поени), кој долго време го држеше рекордот во лигата.

Триесет и осумгодишниот Џејмс ја игра својата 21-ва сезона во НБА-лигата



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2023 18:43