Српската турбо-фолк пејачка Теа Таировиќ ги смени насловот и стиховите на песната „Израел и Палестина“ поради војната во Газа.

„Ние од гас и бензин, Израел и Палестина. Една ноќ ме сакаш, другата ме мразиш“ - гласи текстот за којшто Теа по бројните критики процени дека веќе не е соодветен. Новите зборови се „Шпанија и Аргентина“, и тоа - трајно, како што вели пејачката.

- Она што можам да го кажам е дека „Израел и Палестина“ - мојата песна, нема никаква врска со воената тема. Нема ниту еден збор што алудира на војна. Се споменуваат две држави и се спомнува љубовта во песната, така што може слободно да кажеме дека темата е дури и помирлива. Но... Ако некој поинаку го разбира тоа или сака поинаку, тоа не е ни важно, и ако за некого е навреда... За секој случај, да не се навреди некој, го сменив текстот на песната. Отсега ќе настапувам со изменети стихови, изјави таа за Телеграф.

Оригиналната верзија со видеоспотот на песната има над 33 милиони прегледи на Јутјуб.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2023 11:34