Лица со интелектуална попреченост ќе се натпреваруваат заедно со нивните партнери во Јунифајд тимови на 3×3 баскет турнир кој утре ќе се одржи во Скопје во рамки на Европската кошаркарска недела.

Организатори на ова 20. издание на Европската кошаркарска недела се Специјалната Олимпијада (СОСМ) и кошаркарска Федерација (КФСМ), со поддршка над Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА

„Преку заземање активно учество на атлетите во Европската недела на кошарката, заедно со ФИБА и Кошаркарската Евролига повикуваме на еднаквост и ја нагласуваме потребата за еднакви можности за сите.“, соопштија денеска организаторите.

Баскет 3×3 турнирот ќе се одржи во СРЦ „Кале“, а настанот ќе биде отворен в сабота претпладне со поздравни обраќања на претставници на Специјалната олимпијада, кошаркарската Федерација, Агенцијата за млади и спорт и УНФПА.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2023 16:56