Со возилото наменето за наноси од снег кое го набавивме минатата година, фрлена беше сол на критичните точки на територија на општината. Опфатени беа мостот во Даме Груев кон Волково, патот до село Кучково и кон населеното место Никиштане, информираат вечерва од Општина Ѓорче Петров.

Оттаму посочуваат дека Службата е се уште на терен и ќе биде активна и во текот на ноќта и доколку се јави дополнителна потреба.

Општина Ѓорче Петров, како што е наведено во соопштението, целосно е подготвена за зимските денови.

-Неопходно е на ваков начин навремено да делуваме од евентуално замрзнување на улиците, поради снегот во комбинација со ниските температури. Службата е се уште на терен и ќе биде активна и во текот на ноќта и доколку се јави дополнителна потреба. Безбедноста на граѓаните ни е на прво место. Улиците мора да бидат безбедни за движење и сообраќање, се наведува во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/11/2023 05:42