Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов потпишал договор за јавна набавка со кој граѓаните на општина Струмица плаќаат 94.000 денари за клупа, и 106.000 денари за жардинерија.
Деновите додека жителите на Банско се жалат дека немаат квалитетна вода за пиење, а Куклиш 5 дена е оставен без вода поради дефект на водоводната мрежа, и додека жителите на градот се жалат на лошата атмосферска канализација, градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов потпишува договор за јавна набавка за набавка на урбана опрема со која 39 клупи и 5 жардинерии ги чинат граѓаните на општината 4 милиони денари.
Со овој договор за јавна набавка Костадинов за 24 клупи платил цена од 94.400 денари. Во сред економска криза каде сериозни компании се борат да го заштедат секој денар, менаџментот на општина Струмица плаќа 1.500 евра за една клупа.
Минатиот месец општина Струмица доби негативно мислење односно неповолен извештај од Државниот завод за ревизија во кој беа опфатени и јавните набавки.
Хаосот со раководењето на општина Струмица продолжува. По негативните извештаи за нетранспарентноста, негативниот извештај од Државниот завод за ревизија, предлог одлуката за поништување на постапката за ГУП и многуте нереализирани ветувања, на оваа листа го додаваме и овој скандалозен договор со кој градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов со парите на граѓаните една клупа ја платил за 94.000 денари.