Како партија одсекогаш сме давале поддршка на обештетувањето на семејствата на загинатите бранители и на воените инвалиди. Во изминатиот период неколку пати поднесувавме закони, меѓутоа знаете дека истите беа одбивани со договор помеѓу СДС и ДУИ.

Како политичка партија даваме апсолутна поддршка на иницијативата која денеска е предложена од страна на претседателот на Достоинство, на Стојанче Ангелов. Ќе ја погледнеме иницијативата, ќе ја разгледаме и истата ќе ја поддржиме. Ги повикуваме и останатите политички партии да се приклучат за да се намали оваа голгота, 20 и неколку годишна голгота на семејствата на загинатите бранители.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2023 03:29