Обвинувањата на СДСМ кон актуелната влада само потврдуваат дека оваа преостаната група луѓе на "Бихаќка" не се во контакт со реалноста која ја оставија зад себе. Власта на СДСМ беше препознатлива единствено по национални координатори за криминал, за манипулации и за незаконски тендери, а тоа го потврдуваат и многубројните скандали кои ги создадоа на секој чекор. Најголем доказ за тоа се координираните активности за набавка на бифтеци, луксузни услуги и тендери со директни фаворизации.

Наспроти тоа, новата влада е фокусирана на создавање на политики кои ќе ги подобрат животните услови на граѓаните, а за тие политики се потребни посветени луѓе со стручност и интегритет. Македонија се иселуваше заради координаторите на СДСМ и нивното катастрофално владеење кое остави банкрот и пустош зад себе. Новата влада, која е на власт само два месеци, е соочена со огромниот предизвик да ги разобличи сите неправилности и коруптивни замки кои ги оставија ДУИ и СДСМ.

Еве ги некои од најпрепознатливите координатори на СДСМ: - Венко Филипче, национален координатор за матни тендери во здравството и за вицевизација на здравствениот систем. - Бојан Маричиќ, координатор за буфтеци, скапи ресторани и XXL поло маички. - Артан Груби, координатор за тендерска документација, игри на среќа и девизна соработка. - Славјанка Петровска, координатор за јавни настапи и незаконска набавка на опрема во координација со Зечевиќ. - Љупчо Николовски, или скратено внучето на Заев, координатор за транспортни компании на брат му и за земјоделски субвенции и ИПАРД корупција. - Оливер Спасовски, координатор за набавка на возила од дистрибутери од Куманово наместо увозници и за тендери за опрема и пасоши. - Благој Бочварски, координатор за безидентитетско однесување и плаќање на проекти кои никогаш не започнале.

Ваква генерација на координатори во СДСМ се вбројува во најславните генерации кои воопшто во поедини полиња успеале во светски рамки, рамо до рамо со легендарната екипа/генерација на Црвена Ѕвезда на Панчев, Барселона на Луис Фиго, Реал Мадрид на Предраг Мијатовиќ и Роналдо Назарио, Бајерн Минхен на Јурген Клинсман и Лотар Матеус. Тоа што овие значеа и донесоа слава и успеси во врвниот фудбал во светот, така оваа златна генерација на СДСМ го достигна врвот во светот по корупција, раскалашеност и уништување на сопствената држава.

Списокот на националните координатори на СДСМ е долг, но препознатлив и впечатлив во светски рамки. Такви лопови светот нема видено досега, а конкуренцијата е сериозна, особено со некои од африканските држави. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги разобличува овие злоупотреби и да работи на создавање на подобра иднина за Македонија и нејзините граѓани.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2024 18:33