Ако веќе 2 милијарди ќе чини Бехтел и Енка ќе мора да се обезбедат пари и за пензионерите. За Бехтел и Енка веќе има префрлено 200 милиони, а немаат започнато ништо, а следната година дупло повеќе ќе се префрлат, додека пак инфлацијата ги изеде пензиите, а и платите не се доволни за основните продукти, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски за „Анализа“ на телевизија 24.

Мисајловски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ за пензионерите најавува линеарно покачување на пензиите од 5000 денари, но најави и дополнителни средства за локалните власти.

- Тоа значи дека како влада ќе се откажеме од многу средства но ќе стигнат до општините. Сакаме до секоја една врата, дом да стигнат проектите кои се важни за сите граѓани. Во овој момент владата не префрла средства на општините. Дотациите се трошат најчесто за плати, а ние сега зборуваме за 250 милиони евра да стигнат до сите општини во Македонија. Последно што се договара да има за водоводи, за школи, за градинки, за нови патишта ова е прв пат, потенцираше Мисајловски.

Тој посочи колку власта не дава пари за општините може да се види од последното задолжување од 800 милиони, од кои не се предвидени за општините, нешто што ВМРО-ДПМНЕ го бара.

Власта сака да се задолжи преку 800 милиони евра до крај на годината, ние како ВМРО-ДПМНЕ бараме дел од тие да завршат во општините, зборуваме за нови градинки, училишта, патишта. За тоа се преговара сега во собрание.

Во однос на парите кои владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги префрла кај општините тој рече дека ќе има услови кој колку ќе може да добие и како ефикасно ќе се извршуваат проектите.

- Не зборувам тука само за бенефит на општините, зборувам за бенефит за целата држава. ВМРО-ДПМНЕ покажало дека кога ќе вети големи проекти тие ги остварува. Ќе излеземе со програма, како да привлечеме инвеститори, за намалување на данок на профит, целосна платформа за економија и како да дојдат големи гиганти да инвестираат, нагласи Мисајловски.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2023 05:20