Гркиот кошаркарски великан Олимпијакос го објави трансферот на Филип Петрушев.

Дваесет и тригодишниот Петрушев се согласи на тригодишна соработка со тимот од Пиреја.

Петрушев ја започна сезоната во НБА, но не успеа да добие стабилно место во ротацијата. Неодамна беше ослободен од Сакраменто.

Претходно Србинот играше во Европа за Црвена ѕвезда, Анадолу Ефес и Мега.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2023 08:41