За мене борбата со корупцијата и криминалот претставуваат врвен приоритет. Нормално е да за сопствената држава и сопственото општество малку повеќе се грижам од било која друга администрација од светот, вклучувајќи ја и американската. Ценам дека како човек во средни години и универзитетски професор, педагог и човек кој што ја предводи најголемата политичка партија, дека треба во резолутна борба да се вклучам со криминалот и корупцијата кој што, за жал, во изминативе шест години доживеаја пандемски размери, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Гласот на Америка.

Оттука, додадава претседателот Мицкоски, ценам дека тоа претставува најголемиот проблем со кој што не може нашата Македонија да се развива онака како што би требало да се развива.

„Мораме тука да бидеме искрени и отворени, да ги погледнеме работите онакви какви што се. Често пати во јавноста имаме дебата за тоа какви реформи се потребни. Една реформа треба да се аплицира, а тоа е политичката реформа, политичката волја, да се стави крај на криминалот и корупцијата. Политичарите да бидат политичари во коалиција со народот, а не во коалиција со криминални или полу-криминални структури, без разлика дали се од подземјето или е бизнис-економскиот криминал“, кажа Мицкоски.

Според Мицкоски „политичарите треба да бидат имуни на ваков тип на контакти и врски и треба да се посветат да истите тие луѓе кои што одлучиле да се занимаваат со криминал да бидат дел од резултанта борба која што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ би ја водела, односно да се спречи било каков контакт со било какви криминални структури“.

„Да ја сумирам долгата приказна накратко: ценам дека мој личен интерес, но и интерес на државата, малку поголем од интересот на било кои други стратешки партнери и странски администрации, е да расчистиме еднаш засекогаш со криминалот и корумпираните политичари во Македонија“, рече Мицкоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2023 19:37