На 8 и 9 декември во Скопје ќе се одржи седмото издание на престижниот вински салон „Винодонија“, кој ќе ги израдува сите вљубеници на виното.

Организаторите најавуваат можност гостите да дегустираат вина од 80 винарии, главно од земјава и регионот со импресивна бројка од 600 етикети.

-Нашите уметници-винари ќе ги донесат најдобрите вина, но ова е прилика да се истражат и дегустираат и странските вина кои во последните години се се позастапени кај нас, наведуваат организаторите.

Во рамките на салонот кој ќе се случува во хотелот „Мериот“, посетителите ќе можат да вкусат и гастрономски брендови што ќе го потенцираат вкусот на виното, а ќе биде застапена и гурманската традицијата на Слоу Фуд Македонија.

„Винодонија“ традиционално ќе понуди едукативен пристап кон виното, па освен дегустации за двата дена ќе бидат организирани и неколку работилници и мастер класови, ќе се слуша џез за создавање амбиент за вистински конекции во развивањето на винската култура во нашата земјa.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2023 20:24