Навистина жалам што СДСМ и ДУИ одлучија да бидат против пензионерите и веднаш после онаа моја најава дека во рок од една година откако Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде избрана, линеарно ќе бидат покачени пензиите за 5,000 денари, тие наместо да ја поддржат, тие одлучија да бидат против оваа одлука и да бидат против пензионерите. Но, не ме чуди СДСМ и ДУИ се политички партии кои прераснаа во една политичка елита и ги интересираат интересите само на малкумина што се дел од таа политичка елита, односно да бидам попрецизен врхушката на таа политичка елита, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета во Општина Македонски Брод во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените.
Претседателот Мицкоски упати апел до чесните членови на СДСМ и ДУИ да размислат на следните избори дали нивниот глас ќе го дадат за оваа мала врхушка која ја води СДСМ и ДУИ, бидејќи тој цени дека тие не ги заслужуваат гласовите и поддршката од членовите.
Мојот апел до чесните членови и на СДСМ и на ДУИ, да размислат дали на следните избори дали својот глас ќе го дадат за ова мала врхушка која што ја води и СДСМ и ДУИ. А ценам дека тие не го заслужуваат гласот, не ја заслужуваат поддршката од членовите, истакна Мицкоски и додаде:
Како ВМРО-ДПМНЕ го поздравуваме секој еден граѓанин во Република Македонија кој ќе застане до ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ќе излезе на следните претседателски и парламентарни избори. Убеден сум дека тие не ги поддржуваат овие раководства кои се против пензионерите, граѓаните и развој на Македонија, а ги интересира само личниот интерес.