Европскиот вицепрвак и шампион на Полска, Кјелце, ја продолжи серијата порази на Еурофарм Пелистер откако вечерва ги совладаа битолчани со 35:25 (18:13).

Македонскиот ракометен првак почна со водство од 1:0 и 2:1, беа рамноправни до 10. минута од натпреварот, а потоа на теренот играше само еден тим – Кјелце, чии ракометари во неколку наврати имаа водство и од 11 голови разлика (27:16), а и на крајот завршија со двоцифрена предност, односно 35:25.

Кај интернационалците на Кјелце, вечерва најефикасен беше Трастарсон кој постигна седум голови, а исто толку постигна и словенечкиот интернационалец Цехте во тимот на Еурофарм Пелистер.

Првите бодови во европската Лига на шампионите, ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе ги „бараат“ во следното коло против тимот на Загреб што ќе се игра во Битола.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2023 07:12