На виделина излезе дека ЈСП раководено од страна кадарот на Данела Арсовска и СДС на приватните превозници им должел 1,5 милиони евра. Пред една година Арсовска и тогашниот директор на ЈСП со триста манипулации и клевети се обидуваа да го докажат спротивното, но еве вистината излезе.
Освен што се потврди долгот на ЈСП кон приватните превозници, сега со народни пари треба да се платат дополнителни 1,5 милиони денари за затезни камати и судски трошоци.
И доколку долгот мораше да се исплати, не смееше да дојде до тоа да бидат исплатени овие казнени 1,5 милиони денари. За трошењето за овие средства, но и состојбите со јавните претпријатија во Градот Скопје, главна причина е нерационалноста и инаетот на Арсовска. Таа наместо да се зафати со реализација на програмата и проектите од програмата за која доби поддршка од граѓаните, се зафати со сплеткарења, кавги, клевети, обвинувања, кочења, а сега гледаме и со плаќање на затезни камати и судски трошоци.