Предизборниот поткуп кој го планираат СДС и ДУИ е очаен потег, ништо не ги спасува од пораз.

Додека сметките на функционерите на СДС и ДУИ од месец за месец се зголемуваат, на народот му продаваат евтини приказни за наводни антикризни мерки во вредност од 1000 денари.

Математиката е едноставна, но разликата голема и срамна, а изгледа вака: Ковачевски со предвиденото покачување зема 812.800 денари повеќе на годишно ниво. Тоа се 13.500 евра повеќе. Пендаровски зема 14.400 евра повеќе со покачувањето, исто толку зема и Талат Џафери. Тоа се над 40.000 евра или тоа се пари со кои може да се купи едно ново болничко возило. Вака некако изгледа бизарната политика на СДС и ДУИ - тие цареви на хонорарите, народот заробен во сиромаштија.

Таканаречените антикризни мерки не го решаваат проблемот, официјалните податоци потврдуваат дека 600.000 луѓе живеат со 150 денари на ден, тоа е секој 3-ти Македонец. Но, власта и на маката на народот ја гледа како сопствената корист и сака ова да го злоупотреби.

Овој потег на СДС и ДУИ е понижување за граѓаните, додека тие си делат милионски тендери и безмилосно трошат народни пари, на народот му подаваат помош од 1000 денари.

Ако СДС и ДУИ се надеваат дека граѓаните имаат кратка меморија, еве прилика да ги потсетиме: во 2020-тата година и 2021 година говореа дека потрошиле околу милијарда и 150 милиони од државниот Буџет да помогнат на стопанството и на граѓаните, а лагата им пропадна кога Државен завод за ревизија следната година констатираше дека помошта од страна на државата кон граѓаните и стопанството била само околу 280 милиони.

Залуден е обидот на власта "со иста фора втор пат". Треба да се свесни дека на нивното време за брзо доаѓа крај, граѓаните по промената на владата ќе добијат вистински реформи кои ќе им го подобрат животниот стандард.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2023 20:00