Со инает и лажење не се води Град Скопје. Се негираше долг на ЈСП кон приватните превозници, за потоа по поднесена тужба долгот да се плати, а потоа со судска пресуда да се констатира и долг за затезни камати и судски трошоци.
Прво, Данела Арсовска тврдеше дека нема долг кон приватните превозници. По поднесена тужба од нив, со сокриен договор, го исплаќа долгот, за во судскиот документ да се пресуди и потреба дополнително исплаќање на затезни камати, казни и судски трошоци цели еден ипол милион денари.
Во судската пресуда се констатира долг на ЈСП над еден милион евра кон приватните превозници, и дека тој долг Данела Арсовска на рати го исплаќала кон приватниците.
Со тоа, директно се побива тезата и ставот на Данела Арсовска дека не постои долг кон приватните превозници, што доведе до протести, блокирање на Скопје, нарушување на јавниот превоз, долгорочни проблеми со возниот ред, секако дополнително финансиско оптоварување на буџетот на ЈСП и на Град Скопје, којшто одвојува пари за функционирање на ЈСП.
Оттука, Данела Арсовска мора да одговори, зошто не го признаваше долгот кон приватниците?
Зошто во јавноста предизвикуваше дополнителен револт и ескалација на протестот со долгорочни блокади на град Скопје?
Зошто при исплата на долгот оставила простор за дополнителни виооки затезни камати, казни и судски трошоци?
Дали зад овие исплати можеби се крие нечија лукративност, на штета на Буџетот?
Дали сето ова можеше да се избегне, протести блокади, напуштање на приватениот превоз, и исплата на казни, ако не постоеше инаетење, негирање и лажење дека не постои долг, но и уште колку пресуди се потреби за да се констатираат ставови водени од инает и невистини, со коишто Данела Арсовска го води Град Скопје?