Поранешниот македонски репрезентативец Бојан Трајковски викендов го предводеше Феникс до гостинска победа над Работнички со 87:79.
Трајковски натпреварот го заврши со 12 поени, 13 скока и 10 асистенции. Најефикасен кај Феникс беше Џонс со 20 поени.
Кај Работнички најмногу поени – 21 постигна Рикиќ.
На другите пет натпревари од 10.коло во Првата кошаркарска лига постигнати се овие резултати:
Академија ФМП – Пелистер 85:112
Чаир – Еуро Никел 92:96
Кожув – Гостивар 102 :67
ТФТ – Охрид 93:75
Вардар – МЗТ Скопје Аеродром 61:96.
Табела: МЗТ Скопје 19 бода, Пелистер 17, Еуро Никел 17, Работнички 16, ТФТ 16, Чаир 16, Феникс 16, Гостивар 14, Кожув, 13, Вардар 13, Академија ФМП 12, Охрид 11.