Жител на кавадаречко село вчера попладне бил лишен од слобода од страна на полицијата, бидејќи бил пријавен од девојка дека недолично се однесувал и соблекувал пред неа, информираа денеска од СВР Велес.

- Во 16 часот во кавадаречко село, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.З.(38) од селото, по претходна пријава од 22-годишна девојка. За настанот е известен јавен обвинител и по негово документирање, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија од СВР Велес.

Како што соопштија од полицијата, нешто подоцна, во 18.30 часот, во ОВР Кавадарци, 45 - годишен кавадарчанец пријавил дека во казино во градот бил физички нападнат од кавадарчанецот В.Т., кој, исто така се обидел со тврд предмет да ги нападне и вработените. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2023 03:14