Аргентинскиот претседател Алберто Фернандез, кој на 10 декември ќе му ја предаде власта на десничарот Хавиер Мајли, денеска изборниот пораз на владејачката партија го препиша на инфлацијата и ги доведе во прашање податоците дека повеќе од 40 отсто од Аргентинците живеат во сиромаштија.

Претседателот на левиот центар во заминување, кој во 2019 година го замени десничарот Маурицио Макри, сега сојузник на Мајли, зборуваше со новинарите за неговиот четиригодишен мандат.

„Изгубивме бидејќи очигледно проблемот со инфлацијата беше влошен поради недостигот на долари“, рече Фернандеш, признавајќи дека „не нашол одговор на тоа“.

Аргентина има инфлација од 143 проценти годишно во контекст на недостиг на девизни резерви. Таа ситуација доведе до значително издавање пари за да се компензира дефицитот на јавните финансии, што поттикна спирала на инфлација.

Во врска со сиромаштијата во земјата, претседателот во заминување процени дека доколку 40 отсто од Аргентинците навистина живеат под прагот на сиромаштија, како што покажува статистиката, тогаш земјата би доживеала „имплозија“.

„Мислам дека сиромаштијата е лошо измерена“, рече тој и додаде дека за време на неговиот мандат имало нови работни места.

Мајли победи на вториот круг од претседателските избори на 19 ноември, со 56 отсто од гласовите наспроти 44 отсто за неговиот ривал, министерот за економија Серџо Маса, кандидат на владиниот блок



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2023 07:53