Кошаркарите на Индијана и Лос Анџелес лејкерс се пласираа во финалето на НБА купот, новоформираното натпреварување чија завршница се игра во Лас Вегас, а наградниот фонд за секој играч на победничката екипа ќе изнесува 500.000 долари.

Индијана обезбеди пласман во финалето, откако синоќа го совлада Милвоки со 128-119, предводена од Тајрис Халибартон, кој постигна 27 поени, додавајќи 15 асистенции и седум скокови.

Во редовите на Милвоки, најефикасен беше Јанис Адетокунпо со 37 поени.

Противник на Индијана во финалето ќе биде Лос Анџелес лејкерс, кој убедливо триумфираше над Њу Орлеанс со 133-89.

Леброн Џејмс беше најефикасен во победничката екипа со 30 кошеви.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/12/2023 14:53