Здружението на граѓани Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје го претстави кумот и здравичарот за 32-та бадникова средба која ќе се одржи на 6 јануари на платото пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски” во Скопје.

Оваа година бадникарската функција кум ја има сопственикот на компанијата Динерс клуб, Божидар Јанковски, кој ќе го понесе ќупот за Бадник 2024, а здравичар ќе биде актерот Анастас Тановски, кој ќе ја каже здравицата пред Соборниот храм во пресрет на големиот христијански празник Божиќ.

Од Здружението велат дека поддршка и помош пристигнуваат од повеќе страни. Здружението прераснува во хуманитарно движење и еколошка акција за чиста и убава околина со садење на млади бадникови стебла на падините на Водно во месноста Краста.

- Скопјани одамна покажаа што мислат за бадникарите и нивните следбеници, но се би било залудно доколку со нив ги нема младите кои се полни со елан и кои непоколебливо стојат на чело и полека ја преземаат носечката улога од ветераните, на нивно огромно задоволство, велат од Здружението на граѓани Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје



Автор: Администратор
Објавено на: 12/12/2023 15:49