Француската женска ракометна репрезентација прва избори пласман во полуфиналето на Светското првенство, откако вечерва во Трондхајм убедливо ја совлада Чешка со 33-22 (18-16).
Победникот беше одлучен во второто полувреме во кое Французинките го скршија чешкиот отпор, дозволувајќи му на противникот да постигне само шест голови (15-6).
Капитенот Естел Нзе Минко со пет голови беше најефикасна во француските редови.
Вториот полуфиналист ќе биде познат вечерва по дуелот меѓу Холандија и Норвешка.
Полуфиналните двојки ќе бидат комплетирани утре кога на програмата се четвртфиналните дуели меѓу Шведска – Германија и Данска – Црна Гора.