Првата ѕвезда на Милвоки бакс, Јанис Адетокунбо ноќеска го предводеше својот тим до триумф над Индијана пејсерс со 140:126.

Гркот мечот го заврши со личен рекорд – 64 постигнати поени. При тоа имаше и 14 скока, 4 украдени топки, 3 асистенции и 1 блокада.

Антетокунмпо 32 пати изведе слободно фрлање, реализира 24 шута. Гркот беше прецизен и 20 пати во 28 обиди од поле.

По натпреварот Јанис сакаше да ја земе топката за спомен, но играчите на Индијана ја однесоа со себе во соблекувалната, потег што го налути Антетокунмпо.

Бакс со биланс 17 победи и 7 порази се искачија на второто место во Источната конференција на НБА-лигата, додека Пејсерс со ефект 13-9 се петти.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/12/2023 14:49