Литванскиот кошаркарски стратег Шарас Јасикевичиус е назначен денеска за нов тренер на Фенербахче, објави клубот од Истанбул.

Јасикевичиус (47) доаѓа на местото на Гркот Димитрис Итудис кому во средата му беше врачен отказ по серијата слаби резултати во Евролигата и турското првенство.

Литванскиот тренер потпиша договор со Фенербахче до 2026 година, а се очекува да дебитира в петок кога во „Улкер Арена“ во Истанбул ќе гостува француски Монако во рамки на Евролигата.

Во својата кариера Јасикевичиус беше тренер на Жалгирис и Барселона, а со литванскиот клуб освои три национални исто толку куп титули.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/12/2023 06:14