Кошаркарот на Голден Стејт, Дрејмонд Грин, е суспендиран на неодредени време откако со тупаница го удри в лице играчот на Феникс, Јусуф Нуркиќ, објави денеска НБА лигата.
Во образложението на одлуката НБА наведе дека ја имала предвид историјата на Грин на „неспортски постапки“ и оти од него ќе биде побарано да исполни одредени услови на лигата и тимот пред да се врати на паркетот.
За Грин ова е втора суспензија оваа сезона. Минатиот месец беше суспендиран пет натпревари, откако го фати за врат кошаркарот на Минесота, Руди Гоберт.
Грин минатата сезона два пати беше суспендиран поради насилство на паркетот, а беше казнет и во 2016 година поради инцидент со Леброн Џејмс