Ракометарките на Франција и Норвешка повторно ќе играат во финале на Светското првенство, како што тоа беше и пред две години во Шпанија, откако Французинките синоќа во дански Хернинг ја совладаа Шведска со 37-28, а Норвежанките триумфираа над Данска со 29=28 по продолжение.
Французинките и натаму се со стопроцентен ефект на мундијалскиот турнир, а на патот до финалето во последното коло од групната фаза ја совладаа и Норвешка со 24-23 во Трондхајм.
Данска и Шведска в недела од 16 часот ќе играат за бронзениот медал во Хернинг, додека од 19 часот за светската титула ќе се борат Франција и Норвешка.
Норвежанките во своето деветто финале ќе се обидат да го освојат петтото светско злато, додека Французинките по седми пат ќе играат во финалето, а титулата светски првак досега ја освојуваа два пати.
Неделното финале ќе биде четврто во историјата меѓу Норвешка и Франција. Во сите претходни три победи Норвешка.