Пополнувајќи ги дефицитарните места во тимот со соодветни засилувања, повеќекратниот македонски првак Вардар 1961 ангажираше нов играч, на позицијата десен бек. Станува збор за 23-годишниот Мохамед Тарик Бакар кој тренира со екипата и заедно со кондициониот тренер Тони Богдановски со цел да биде подобро подготвен за пролетниот дел од сезоната.
Новиот играч потпиша договор за следните 1,5 сезона, и во Вардар треба да остане до јуни 2025 година.
Мохамед Тарик Бакар има играно за сите младински селекции на Тунис, а во моментов се наоѓа и напоширокиот список на сениорскиот репрезентативен тим.
Пет сезони игра во сениорската лига на Тунис, и има настапувано за екипите на Клуб Африкан, Олимпик Солиман и Ксур Есеф каде настапуваше претходната сезона.
Со доаѓањето на Бакар „црвено-црниоте“ добиваат уште еден десен бек, позиција во тимот на која настапува Томислав Јагуриновски