Ракометната федерација на Македонија (РФМ) попладнево ги извлече натпреварувачкиот броеви на екипите кои ќе учествуваат во плејофот и плејаутот во Супер машка ракометна лига.

Жрепката веќе во првото коло го донесе големото дерби во кое Еурофарм Пелистер во Битола ќе го пречека скопски Вардар 1961. Алкалоид е домаќин на Пролет, Бутел на Охрид, додека Тиквеш е домаќин на Струга.

Од првиот дел од сезоната со максимални три бода ќе тргнат Вардар и Алкалоид, со по два Еурофарм Пелистер и Охрид, по еден имаат Тиквеш и Бутел, додека без бодови во суперлигашкиот плејоф влегуваат Струга и Пролет.

Паровите на стартот од плејаутот се Голден Арт – Мулти Есенс, Прилеп – Скопје 2020, Аеродром – Еурофарм Пелистер 2 и Куманово – Вардар Неготино.

Ракометната Суперлига, според програмата, треба да продолжи вториот викенд од февруари, а датумите и термините дополнително ќе бидат утврдени.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/12/2023 05:13