Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер спогодбено го раскина договорот со данскиот интернационалец Андреас Јохан Нилсен.
Кружниот напаѓач ова лето пристигна во Битола и ја одработи полусезоната со битолчани.
Дваесет и шестгодишниот Нилсен настапи во „зелено-белиот“ дрес во Суперлигата, Купот и Суперкупот на Македонија и Лигата на шампионите и покажа професионален пристап и ангажман. Сепак, заради професионален предизвик и враќање во татковината, Нилсен пред истекот на договорот се разделува со нашиот клуб. РК Еурофарм Пелистер му се заблагодарува за периодот минат во нашиот клуб, нашиот град и нашата земја. Искрено му посакуваме успех во следниот предизвик и нашиот клуб секогаш ќе биде отворен за соработка за професионалци како Андреас Нилсен, стои во соопштението на Еурофарм Пелистер.
Еурофарм Пелистер во плејофот на Супер лигата пренесува два бода од можните три.