Социјалната платформа Х, порано позната како Твитер, утрово се соочи со оперативни проблеми на глобално ниво.

Според веб-страницата Downdetector.com, која ги следи прекините во достапноста на услугата, повеќе од 47.000 американски корисници не можеле да пристапат до X и X Pro, пишува Index.hr.

Некои корисници во Обединетото Кралство и Азија, исто така, не можеа да ги видат објавите на страницата „Добре дојдовте на X!“. Икс, кој е во сопственост на американскиот мултимилијардер Илон Маск, се уште не коментирал што се случило.

Маск го купи Твитер минатата година за 44 милијарди долари.

Хаштагот #TwitterDown стана тренд неколку минути откако се појавија извештаи за прекини.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/12/2023 09:20