Списанието „Ролинг стоун“ објави топ-листа на најдобри телевизиски серии за 2023 година. Меѓу нив се „Тед Ласо“, „Чудесната г-ѓа Мејзел“, „Следоред“ и „Бери“ коишто годинава ги доживеаја своите последни епизоди.

На место бр. 1 е „Кучиња од резерватот“ (Reservation Dogs), серијата на „Еф-екс“ за четворица тинејџери, Домородни Американци кои живеат во рурална Оклахома и сонуваат да живеат во Калифорнија... Но, бидејќи им требаат пари, им се препуштааат на низа ситни криминални дела во населбата каде што живеат.

На второ место е „Мечка“ (The Bear), а потоа следуваат „Следоред“ (Succession), „Покерфејс“ (Poker Face), „Последниот од нас“ (The Last of Us), „Кавга“ (Beef, оценета со совршени 100 отсто од препораките на страницата „Ротен томејтос“). Меѓу десетте најдобри се и - „Синоокиот самурај“ (Blue Eye Samurai), „Канк за Земјата" (Cunk on Earth), „Некој, некаде“ (Somebody Somewhere) и комедијата „Забавата заврши“ (Party Down).



Автор: Администратор
Објавено на: 21/12/2023 20:02