Детроит ноќеска загуби од Бруклин со 126:115 и го запиша 26. пораз по ред, со што ја повтори најдолгата серија на загубени натпревари во една сезона во историјата на НБА.
Пистонс им се приклучија на Кливленд (2010-11) и Филаделфија (2013-14). Детроит има биланс две победи и 27 порази во првата сезона под водство на тренерот Монти Вилијамс.
Кошаркарите на Детроит пистонс за два дена би можеле да се доближат до најдолгата серија на загубени средби во историјата на НБА. Од крајот на сезоната 2014/15 до почетокот на регуларниот дел од сезоната 2015/16, Филаделфија загубија 28 натпревари по ред.
Ноќта вторник кон среда Детроит повторно ќе се соочи со Бруклин нетс, овој пат на домашен терен и доколку загуби ќе го повтори негативниот рекорд на Филаделфија.