Големата НБА ѕвезда, Леброн Џејмс ги кажа своите размислувања за божикниот натпревар со Селтикс.
Џејмс призна дека во неговата 21-ва сезона во НБА, божикниот натпревар многу не го интересира.
-Не ми е грижа за дуелот в понеделник. Единственото нешто што ми е грижа е ќерка ми кога ќе се разбуди да ги отвори своите подароци, изјави Џејмс.
Лејкерси ќе бидат домаќини на Бостон селтикс утревечер со почеток во 23 часот по македонско време.