Поради повреда на зглобот на десната нога, ѕвездата на Филаделфија, Џоел Ембид, ќе го пропушти божиќниот дуел против Мајами кој е еден од петте натпревари на програмата оваа вечер во НБА лигата.

Филаделфија објави дека Ембид не отпатувал со екипата во Мајами, но кошаркарот сè уште не е исклучен од комбинација за следниот дуел против Орландо, в среда.

Ембид се повреди за време на првата четвртина во победата (121-111) над Торонто во петокот, но го одигра целиот натпревар и постигна 31 поени.

На сите последни 13 натпревари актуелниот МВП во НБА лигата постигнуваше најмалку 30 поени со што се израмни на вечната листа со Елџин Бајлор. Само легендарните Вилт Чембрлен и Карим Абдул – Џабар имаат подолга низа со таков ефект.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/12/2023 04:23