Ли Сун-кјун, јужнокорејски глумец можеби најпознат по улогата во „оскаровскиот“ филм „Паразит“, е пронајден мртов во автомобил во Сеул денеска, соопштија властите.
Полицијата и службениците за брза помош првично го пронашле Ли во, како што се наведува - несвесна состојба во возило паркирано во северниот дел на главниот град на Јужна Кореја. Надлежните власти подоцна потврдија дека тој е мртов. Сѐ ова, по неколку недели интензивна полициска истрага за наводна злоупотреба на дрога од страна на глумецот.
Ли (48) глумеше во „Паразит“, којшто освои „Оскар“ за најдобар филм и три други категории во 2020 година. Ли се појави и во 46 други филмски и ТВ-проекти. Годинава е актуелен со филмовите „Убиствена романса“, „Сон“, „Проект: Тишина“, како и ТВ-сериите „Одмазда“ и „Законски пари“.