Македонскиот ракометен суперлигаш ГРК Тиквеш 2014 од Кавадарци денес го назначи Радослав Стојановиќ за нов шеф на стручниот штаб.

Стојановиќ очекува неговиот нов тим да одигра борбено на секој натпревар и верува дека ќе успеа во своите амбиции.

- Своите ракометни почетоци ги имав во овој регион па сега е време со својата работа да возвратам на регионот од чија ракометна школа излегоа квалитетни ракометари. Се радувам што сум тука во улога на тренер и познавајќи го менталитетот на регионот, знам и верувам дека ќе се бориме на секој натепревар и за секој бод во плеј офот, изјави новиот тренер на Тиквеш.

Во плејофот од Суперлигата, Тиквеш пренесе еден бод од првиот дел на првенството.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/12/2023 22:31