Кошаркарите на Детроит ја прекинаа најдолгата серија порази во историјата на НБА лигата со триумфот синоќа над Торонто од 129-127.

За Детроит ова беше третата победа сезонава и прва по серија од 28 порази.

Првиот избор на драфтот во 2021 година, Кејд Канингем, беше најефикасен во редовите на Детроит со 30 поени.

Во преостанатите четири натпревари одиграни изминатата ноќ во НБА лигата, Далас предводен од Лука Дончиќ (39 поени) триумфираше на гостински терен над Голден Стејт (132-122), додека домашни победи извојуваа Минесота против ЛА Лејкерс (108-106), Чикаго против Филаделфија (105-92) и Индијана против Њујорк (140-126).



Автор: Администратор
Објавено на: 31/12/2023 14:28