Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Чехот Јиржи Легечка во натпреварот од Јунајтед купот со резултат 6:1, 6:7 (3:7), 6:1.

Во мечот што траеше 2 часа и 18 минути. Триесет и шестгодишниот Србин сервира три асови, направи две двојни грешки и освои шест брејк топки од 11 шанси.

По овој натпревар резултатот во серијата Чешка - Србија е 1:1.

Следниот натпревар репрезентациите ќе го одиграат во мешани двојки.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/01/2024 14:55