Најгледана евровизиска песна за 2023 година на „Јутјуб“ е „Ча ча ча“. Со неа, финскиот претставник, минатата година, го освои второто место на музичкиот натпревар што се одржа во Ливерпул. Втора најгледана песна е победничката, „Тату“ на Лорин, соопштија организаторите.

Годинава домаќин на „Евровизија“ ќе биде Малме, односно Шведска. Двете полуфиналиња ќе бидат на 7 и 9 мај, а финалето на единаесетти.

На најголемиот светски музички настан во живо, учеството годинава го потврдија јавните радиодифузери од 37 земји.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/01/2024 15:31