Семјуел Л. Џексон им се обрати на сексистите - „тролови“ на интернет кои повторно ги нападнаа женските акциони хероини, како Бри Ларсон, во врска со новиот филм на „Марвел“ eдноставно насловен „Марвелите“ (The Marvels) што излезе во ноември.
- Таа (Бри, з.п.) нема да дозволи ниеден од тие зборови да ја уништи. Овие „фраери“ мразат силни жени, т.е. фактот дека таа е феминистка која има свое мислење и го изразува истото, изјави Џексон за „Ролинг стоун“.
Тој, инаку, ја повторува улогата на Ник Фјури во новиот женски суперхеројски филм што покрај Керол Денверс „Капетанката Марвел“ (Ларсон) го дополнуваат и суперхероините Моника Рамбо (Тејона Парис) и Камала Кан (Иман Велани). Нија Дакоста - една од сценаристките и режисерка на филмот се согласува дека сексизмот е „навистина непотребно одвлекување“ на вниманието.
- Затоа, главно, кога размислувам за обожавателите, се занимавам со тоа што ме интересираше кога бев помлада и ме натера да сакам да го правам ова. А, тоа е дека луѓето се здружуваат околу тоа што го сакаат. Така, ние велиме „Како може да го направиме најдобриот можен филм? Како можеме да направиме нешто различно? Како може да се забавуваме?“ Тоа беа, всушност, работите за кои размислувавме, појасни режисерката.
Мери Ливанос - извршна продуцентка на продолжението на „Капетанката Марвел“ од 2019 година, додаде дека главната цел било филм што ние самите тие би сакале да го гледаат.
- Едноставно мислам дека беше прекрасно искуство да имаш толку многу жени пред камерата и зад сцената на ова шоу. Тоа беше комплетно заедничко доживување. „Вибрациите“ беа навистина забавни и опуштени, и на крајот на краиштата, сите ние сме обожаватели на овие ликови што мислам дека тоа е она што навистина блесна, изјави Ливанос.
Просечната оценка на ИМДБ засега е 5,8 /10, од над 67.000 гледачи кои го оцениле филмот. На „Ротен томатос“, го препорачуваат 83 отсто од гледачите