Српскиот кошаркарски стратег Александар Џикиќ е назначен денеска за нов селектор на репрезентацијата на Грузија, неколку часови откако спогодбено ја раскина соработката со израелски Хапоел Ерусалим.

Џикиќ, кој од 2014 до 2015 година беше македонски селектор, седнува на клупата на Грузија на местото на Илијас Заурос, кому во септември му истече договорот.

Педесетидвегодишниот српски тренер ќе ја предводи Грузија во квалификациите за Евробаскетот 2025.

Грузија е дел од квалификациската група Г заедно со Данска, Србија и Финска



Автор: Администратор
Објавено на: 05/01/2024 06:21