Најдобар играч во декември во Западната конференција во НБА лигата е кошаркарот на Оклахома, Шеј Гилџус – Александер, додека признанието на Истокот му припадна на Јанис Адетокумбо од Милвоки.

Оклахома во декември имаше ефект од десет победи и три порази, а Гилџус – Александер забележа просек од 31.9 поени, 6.6 асистенции, 5.4 скокови и 3.1 украдени топки по натпревар.

Во Источната конференција, Адетокумбо во декември забележа просек од 32.5 поени, 11.5 скокови, 6.8 асистенции и 1.3 украдени топки.

За кошаркарот на Минесота ова е десетто признание играч на месецот во кариерата.

На чело на вечната листа е кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, кој дури 40 пати е прогласуван за играч на месецот во својата долга НБА кариера.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/01/2024 20:42