Неверојатен натпревар одиграа синоќа кошаркарите на Реал Мадрид и Ефес во рамки на 19 коло во Евролигата, во кој по голема неизвесност и дури четири продолженија триумфираше шпанскиот тим со 130-126.
Натпреварот во Мадрид урна многу рекорди во кошаркарската Евролига.
Прв пат во историјата на најквалитетното европско клупско кошаркарско натпреварување се одигра натпревар со четири продолженија, а воедно Реал и Ефес го одиграа и натпреварот со најмногу поени (256) во Евролигата.
Реал стана тим кој постигнал најмногу поени на еден натпревар (130), а Шејн Ларкин се запиша во историјата како кошаркар кој одиграл најмногу минути на еден натпревар (53:11).