Париз в понеделник ќе именува улица по музичката легенда Дејвид Боуви, првиот град во светот кој ќе му оддаде почит на пејачот кој почина пред осум години.
Rue David Bovie, именувана по еден од највлијателните музичари на 20 век, официјално ќе биде отворена во 13-тиот арондисман на Париз на левиот брег на градот.
Улицата неодамна беше изградена како дел од големо реновирање на кварт што ја вклучува и модернистичката универзитетска Библиотека Франсоа Митеран.
Улицата долга околу 50 метри, од претходно им била позната на градските планери под работното име „ VoieDZ/13 “. Не постои евиденција дека Боуви има своја улица никаде во светот. Боуви, кој почина на 10 јануари 2016 година од рак на црниот дроб, в понеделник ќе го прославеше својот 77 роденден.
Париз одигра помалку важна улога во животот на Боуви од Лондон, Берлин и Лос Анџелес, но француската авангардна култура влијаеше на неговиот визуелен стил