Првата ѕвезда на Милвоки бакс, Јанис Адетокунбо, го критикуваше тимот поради лошите игри во последно време.
- Гордост. Самопочит. Гордост. Самопочит. Искрено треба да се навредиме. Мора да земеме сè при срце. Тој што сака да игра напорно, игра тешко. Кој не сака да игра борбено и максимално да се залага, тогаш мора да се донесат одредени одлуки. Тоа важи и за мене. Ако не се трудам, ставете ме на клупа.
Има моменти кога сум уморен и не го давам најдоброто од себе, а има моменти кога давам сè што имам. Но, мора да има менталитет: секогаш кога одиме на паркетот, мора да правиме се за да го задржиме противникот, објасни Адетокунбо.
Милвоки вчера загуби од Хјустон, што е нивни трет пораз во последните четири натпревари во НБА-лигата.
Бакс во моментов имаат биланс 25 победи и 11 порази и се наоѓаат на второто место во Источната конференција