„ЛТВ“ утрово ги објави 15. песни што ќе се натпреваруваат да ја претставуваат Летонија на 68. издание на „Евровизија“.
За да се претставува Летонија на најголемиот светски музички настан во живо, треба да се освои првото место на натпреварот „Супернова“. Изведувачите најпрво ќе се натпреваруваат во февруари на овој натпревар, а победникот ќе ја претставува Летонија во мај во Шведска.