Македонската ракометна репрезентација попладнево одржува тренинг на „Меркур Шпил Арена“, стадионот кој е адаптиран за одржување натпревари во рамките на Европското првенство во Германија.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров се запознаа со теренот каде утре ќе имаат чест да го отворат 16. континентален шампионат. Нивни противник во 1. коло ќе биде олимпискиот шампион Франција.
Според организаторите, за утре се најавени да присуствуваат околу 50 илјади гледачи што ќе биде рекордна посетеност на еден ракометен натпревар.
Покрај македонската и француската репрезентација, во групата А се наоѓаат и домаќинот Германија, како и Швајцарија