Со натпреварот меѓу македонската и француската репрезентација вечер во 18 часот ќе биде отворено 16. Европско првенство во ракомет за мажи.

Натпреварот ќе се игра на стадионот „МЕРКУР Шпил-Арена“ во Диселдорф. Најавени се повеќе од 50 илјади гледачи, најмногу досега на еден ракометен натпревар.

Покрај во Диселдорф, натпреварите од прелиминарната рунда ќе се играат и во Берлин, Манхајм и Минхен.

Континенталниот собир во Германија е првото ЕХФ ЕУРО со 24 екипи чиј домаќин е една земја.

Група А (Дизелдорф/Берлин): Франција, Германија, Македонија, Швајцарија

Група Б (Манхајм): Шпанија, Австрија, Хрватска, Романија

Група Ц (Минхен): Исланд, Унгарија, Србија, Црна Гора

Група Д (Берлин): Норвешка, Словенија, Полска, Фарски Острови

Група Е (Манхајм): Шведска, Холандија, Босна и Херцеговина, Грузија

Група Ф (Минхен): Данска, Португалија, Чешка, Грција.

Двете првопласирани од секоја група одат во Главната фаза која ќе се состои од две групи со по шест селекции.

Европската ракометна федерација ги објави и судиските номинации за машкиот ЕХФ ЕУРО 2024 година во Германија. Помеѓу 18 двојки се и македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Првенството се одржува од 10 до 28 јануари следната година, а бранител на шампионскиот трофеј е Шведска.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/01/2024 16:25